еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Граничните и царинските контроли со Србија ќе се поминуваат со едно застанување

На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” на овој премин.

Премиерите  на двете држави Зоран Заев и Ана Брнабиќ на свеченоста на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.

– Исполнуваме уште обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и на Србија на регионално и на европско ново – заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево кој предвидува заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување. Овој проект значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка на Западен Балкан дефиниранана Самитот во Трст од јули 2017 година, и што е особено значајно претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави, рече премиерот Заев.

Тој потенцираше дека по целосното завршување на патната инфраструктура на двете страни од автопатот,  изградбата и проширувањето на царинскиот терминал на овој граничен премин ова е  последната фаза од создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните.

Според Брнабиќ, двете држави први воспоставија заедничко гранично упрваување во овој дел на Европа. Новиот едношалтерски заеднички граничен премин на границата меѓу Србија и Македонија, како што нагласи Брнабиќ, ќе овозможи побрз проток на товарните возила и претставува сигнал којшто треба да ја охрабри регионалната трговија и трговската размена.

Преку ГП Табаноце лани поминале околу 200.000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила. Се очекува, истакна Заев, тој број годинава да се зголеми за 30 проценти и да достигне 260.000.

Намаленото време на поминуавње на границата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави и на транзитните, а на деловните луѓе за половина ќе им се скрати времето на царинските постапки, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, предвидено е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, ќе се намали можноста за царински измами.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев-Брнабиќ: Лажните вести за „Рекет“ не се сликата за односите Скопје-Белград

Заев-Брнабиќ: Соработка, а не блокади, фокус на иднината, не на минатото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија на 14 ноември

Редакција

Грција од првата пратка на Ковид-19 вакцини, дел ќе одвои и за нас

Редакција

Бугарскиот амбасадор Ангелов со сопругата донираа прехранбени пакети на дневниот центар „Доза среќа“

Редакција