еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит преку конзорциум ќе биде вклучен во изградба на автопат во Република Српска

Проектниот конзорциум составен од компаниите Гранит АД Скопје и Интеграл Инженеринг од Лакташи на 20.03.2019 година во Бања Лука потпиша договор со Јавното претпријатие „Автопати“ на Република Српска за изградба на првата фаза на автопатот во рамки на коридорот 5Ц кој минува низ Република Српска – правец помеѓу клучката Јоховац (Товир) и Руданка (Костајница), во вредност од 62,5 милиона евра, информираат од Стопанска комора.

Проектниот конзорциум досега има изведено автопатишта во должина од околу 100 км на територитјата на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Словенија, меѓу кои и автопатот „9 јануари“ од Бања Лука до Добој како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Република Српска.

Коридорот 5c на територија на Република Српска е предвиден со должина од 46,6 км и проценета вредност од околу 500 милиони евра.

Според соопштението на Јавното претпријатие „Автопати“, предвидено е да се гради во 4 фази, при што првата фаза е во вкупна должина од 6 км.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на бензините останува иста, на дизелот се зголемува за еден денар

Редакција

Се намалува цената на горивата

Редакција

Еуросупер БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Редакција