еМагазин
Image default
Бизнис

„Гранит“ со намалена добивка

ГД „Гранит“ АД за периодот јануари – јуни 2018 година оствари добивка од 103 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога компанијата имала добивка од 203 милиони денари, покажува консолидираниот биланс на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

„Намалувањето на бруто добивката за првото полугодие е резултат на намалениот обем на работа. До крајот на годината очекуваме зголемување на реализацијата и зголемување на финансиските резултати“, соопшти компанијата.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2018 година изнесуваат 1.576.074.000 денари и во споредба со остварените во истиот период 2017 година бележат намалување за 31 %.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2018 година изнесуваат 2.259.527.000 денари и во споредба со остварените во истиот период 2017 година бележат намалување за 23 %.

Остварените единечни вкупни расходи се во износ од 1.547.346.000 денари, споредено со истиот период 2017 година бележат намалување за 29 %.

Остварените консолидирани вкупни расходи се во износ од 2.156.386.000 денари и во споредба со истиот период 2017 година бележат намалување за 21 %.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2018 година изнесуваат 34.322.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата усвои програма за рефундирање на средства за набавка на автомобил за лица со инвалидност

Редакција

Македонската економија годинава со раст од 2%, а следната 3%, предвидува ЕБОР

Редакција

СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал

Редакција