еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит во првите три месеци од годинава работел со добивка

ГД Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот јануари – март 2021 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Консолидираните финансиски извештаи за периодот јануари – март 2021 година ги опфаќаат работењето на следните друштва вклучени во консолидацијата: ГД Гранит АД Скопје – матично друштво, хотел Гранит ДООЕЛ Охрид – 100% поседуван, Карваш ДООЕЛ Скопје – 100% поседуван
Гранмак Виена гмбх – 100% поседуван, Гранмак експорт-импорт гмбх Германија – 100% поседуван, ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ – 100% поседувана, ГД Гранит Подружница Бања Лука БИХ – 100% поседувана.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – март 2021 година изнесуваат 728.900 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намалување за 18%.

Намалувањето се должи пред се на фактот дека во првата половина на претходната година се извршуваа неколку проекти кои завршија во текот на 2020 година (експресен пат Штип Крупиште и Гасовод), додека новите започнати проекти се во почетна фаза на изведување. Намалувањето на приходите предизвика и соодветно намалување на расходите на Друштвото.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – март 2021 година се во износ од 725.494 илјади денари, споредено со истиот период 2020 година бележат намалување за 18% .

Во периодот јануари – март 2021 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 3.406 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 80.267 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 76.861 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 1 квартал на 2021 година“, велат од компанијата.

Остварените финансиски резултати по друштва во консолидацијата се како што следува:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кисела Вода вработува шест лица, плата до 24.451 денари

Редакција

Независната угостителска комора бара рамноправно вакцинирање на сите угостители

Редакција

Тендер „тежок“ 56.000 евра: Струмичката „Атлантис“ ќе организира службени патувања за вработените во АЕК

Редакција