еМагазин
Image default
Балкан

Грчка влада: НД ја извртува реалноста дека Кина одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“

Обвинувања до опозициската Нова демократија (НД) дека ја извртува реалноста во однос на Договорот од Преспа, упатуваат од кабинетот на шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во врска со тврдењата на портпаролката на најголемата грчка партија дека Кина одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека е потребна дозвола за употреба од соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.

-Неповрзано со договорот и најмалку од 2010 па наваму, врз основа на членот 10 од постоечкиот кинески закон за трговските ознаки, се отфрлаат апликации за регистрација на трговска ознака, независно од земјата на интерес на компанијата, кога ги содржи термините „Macedonia“,„Macedoine“ и изведените зборови.

Грција веќе достави соодветен демарш до Министерството за надворешни работи и до Министерството за трговија на Кина за ревизија на соодветната одлука на кинеската Канцеларија за трговски ознаки во однос на новите одредби од договорот, пишува во соопштението од кабинетот на Катругалос.

Како што вчера објави МИА, портпаролката на Нова демократија тврдеше дека Кина на 23 февруари, одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека не може да се користи без дозвола од соседната земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина одбила барање на грчка компанија за употребата на терминот „македонско“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на жртви од невремето на Халкидики порасна на седум лица

Редакција

Ципрас по оставката на Коѕијас: Грција нема да прифати прием на Македонија во ниедна меѓународна организација без уставни измени

Редакција

Каменос нема да даде подршка ни на владата на Ципрас, ни за протоколот за влез на Македонија во НАТО

Редакција