еМагазин
Image default
Балкан

Грчка влада: Во следните денови ратификација на Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО

Во текот на следните денови Протоколот за членство во НАТО ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите и ги објасни обврските и следните чекори за Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во текот на следните денови Парламентот ќе го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО, а во продолжение ќе се испрати Вербална нота од Министерството за надворешни работи на Грција до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и со тоа, автоматски стапуваат во сила уставните измени и секако промената на името, објасни Ѕанакопулос, додека, пак, на прашањето на дописничата на МИА од Атина дали за ратификацијата на Протоколот постои конкретен датум, одговори негативно.

Во новинарските кругови во Грција се споменува дека веќе следната седмица, Протоколот ќе биде доставен во грчкиот Парламент, прво пред надлежната комисија, а потоа и на пленарна седница, по што ќе следи и гласање.

Портпаролот на грчката Влада, на денешниот брифинг, говорејќи за Договорот од Преспа, рече дека 25 јануари 2019, денот кога беше ратификуван во Грција ќе биде историски настан за мир, соработка и стабилност на Балканот.

-Ратификацијата на Договорот од Преспа што ја враќа водечката улога на земјата на Балканот, на заеднички развој, пријателство меѓу народите, но и соработка, е од историско значење, истакна Ѕанакопулос додавајќи дека тоа е победа на политичката храброст над национализмот, квази-патриотизмот и омразата.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еурактив: Грција прва ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, на 8 февруари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) По тепачка потона сплав во Белград, гости пливаа до брегот на Сава

Редакција

(ВО ЖИВО) Слаб одзив на протестот против Договорот од Преспа во Атина

Редакција

Турската лира на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Редакција