еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грчки „Катимерини“: МИА по интервенција од Атина поправи изјава на Заев, МИА негира

Грчиот весник „Катимерини” во своето електронско издание објави дека по интервенција од Атина, државната Македонска информативна агенција (МИА) сменила дел од она што го изјавил премиерот Зоран Заев во интервју дадено во Вашингтон, по средбата со потпретседателот на САД, Мајк Пенс во Вашингтон.

„Катимерини“ тврди дека во првата верзија на текстот објавена на МИА, изјавата на Заев била коректно пренесена и Заев рекол дека нема друга Македонија.

Но, по интеревенција на Атина, пишува грчкиот весник, МИА објавила ваква изјава на македонскиот премиер:

„Сите знаеме дека денес дел од географскиот регион од Македонија се наоѓа во Грција, дел во Бугарија, а северниот е во нашата држава…“, пишува весникот.

Во интервју пак за МРТ, Заев, исто така од Вашингтон, вели пак дека нема друга Македонија освен нашата.

Медиумите го пренесуваат и видеото со интервјуто на Заев за Гласот на Америка ( 4.10 минута), каде што Заев исто така вели дека нема друга Македонија освен нашата.

МИА: НЕМАШЕ НИКАКВА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД БИЛО КОГО

Со оглед на упатени прашања од различни медиуми во врска со корекцијата на интервјуто на премиерoт Зоран Заев, Македонската информативна агенција посочува дека немало никаква интервенција од Алексис Ципрас и од Атина како што се пренeсува, ниту од кого било, велат од МИА.

„Единствено што е точно е дека по увидените реакции во печатот за пренесеното интервју, е направена проверка на истото и е утврдено дека се направени погрешни интерпретации за што веднаш е направена корекција и истата коригирана изјава е дистрибуирана до јавноста.

Правило е кога агенциите ќе направат грешки да се испратат корекции, дополнувања на веста па дури кога станува збор за сосем погрешни вести и повлекување на истата„, велат од МИА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на Мијалков сe жали на Обвинителство за барањето за „замрзнување“ на неговиот имот

Редакција

Филипче: Доколку заразата се шири со оваа динамика, многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците

Редакција

Регистрирани 422 прекршоци за неносење маски

Редакција