еМагазин
Image default
Балкан

Грчки медиуми: Албанските власти кријат докази за убиството на Кацифас

Адвокатот кој ја преставува фамилијата на Константинос Кацифас (35), Гркот кој пред неколку дена беше убиен од албанската полиција, за грчките медиуми вели дека грчката страна имала увид во доказите само 5 минути, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Адвокатот Костас Гиованопулос вели дека албанските власти интервенирале на телото на Кацифас, кое на грчките преставници во истрагата им било покажано изминено и зашиено, што дополнително фрла сенка врз фактот како тој всушност е убиен.

Претходно албанските власти одбивале грчката страна да го види телото, но по дипломатски притисок бил дозволен краток увид.

Според официјалната верзија на албанската полиција, тој бил убиен со два куршуми во градите, што според грчките медиуми, негови пријатели, семејството и адвокатот укажува дека тој всушност бил „ладнокрвно“ убиен.

„На неговото тело нема други видливи рани на нозете или рацете, освен тие од двата куршуми во градите, што може да сугерира дека албанската полиција не направила никаков напор за да го уапси, без да го убие„, вели адвокатот.

После изјавите на Гиованопулос во грчките медиуми дополнително се зголемија шпекулациите дека албанската полиција крие докази.

Според албанската верзија за инцидентот, Кацифас прв почнал да пука, сакајќи да спречи симнување на грчко знаме од страна на полицијата, по што побегнал на блиските ридови околу селото Буларат, кое се наоѓа во близина на албанско-грчката граница.

Откако бил лоциран престрелката со полицијата продолжила и после 30 минути бил убиен.

Локалците пак за грчките медиуми велат дека Кацифас не почнал да пука кон полицијата, туку дека пукал во воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали е „ладнокрвно убиен“: Грчките медиуми се сомневаат во албанската верзија за убиството на Кацифас

(ВИДЕО) Кој е Гркот кој што го уби албанската полиција

Мајката на убиениот Грк во Албанија: „Мојот син никогаш немаше проблем со полицијата, само сакаше да го подигне грчкото знаме„

Фото: Фејсбук/Кацифас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невакцинираните Грци на свој трошок ќе се тестираат за Ковид-19 најмалку еднаш неделно

Редакција

И актерката Ива Илинчиќ проговори за Мика Алексиќ: „Се срамев, бидејќи бев злоставувана“

Редакција

Понеделник е прогласен за ден на жалост во Косово, во знак на почит на жртвите од сообраќајната несреќа во Хрватска

Редакција