еМагазин
Image default
Балкан

(Фото) Грчки пратеници кои го подржуваат Договорот од Преспа добиле заканувачки пораки

Oбвинителката на Врховниот суд на Грција, Ксени Димитриу нареди да се спроведе кривична истрага за заканувачките пораки што биле испраќани до пратеници кои го поддржуваат Договорот од Преспа.

Интервенцијата на обвинителката е да се утврди дали има прекршување на личните податоци и повици за извршување кривично дела, а доаѓа по написите во грчките медиуми, но и по јавно изнесените ставови на дел од пратениците.

По завршувањето на гласањето во македонското Собрание, од петокот вечерта, на социјалните мрежи во Грција се појави фотографија со порака од член на префектуралниот административен комитет на Нова демократија испратена до членови и симпатизери на опозициската партија од кои бара да им се закануваат на пратениците кои што се подготвени да гласаат за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

„Им се јавуваме или им праќаме порака на оние што се чини дека се подготвени да ја поддржат владата што ќе ја предаде нашата Македонија. Им велиме дека ова нема да се заборави. Да не се осмелат да ја предадат Македонија“, пишува во пораката според она што е објавено на социјалните мрежи и во продолжение следат телефонските броеви на министрите: Кундура, Папакоста, Боларис, Кокалис и на пратениците Папахристопулос, Зурарис и Саридис.

Дел од пратениците, за грчките медиуми потврдија дека добивале закани преку телефон, а реагираа и од кабинетот на Ципрас, од каде што велат дека станува збор за антидемократска пракса.

„Механизмот на Нова демократија, очигледно со целосно знаење и водство, на господинот Мицотакис се обидува да ги исплаши пратениците. Тоа цинично го призна и портпаролот на Нова демократија, господинот Киранакис, кој овие телефонски повици ги карактеризираше како „обврска“. Пратениците ќе одговорат кревајќи го гласот на нивната совест за одбрна на она што е национално корисно“, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва жртва од коронавирусот во Албанија

Редакција

(Видео+фото) Премиерката на Србија со девојката на Парадата на гордоста во Белград

Редакција

Границата со Грција останува затворена до 15 јуни

Редакција