еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Грчките медиуми за извештајот на ЕК за Македонија

„Зелено светло за Северна Македонија и Албанија, нова блокада за Турција“; „Скопје задоволно од извештајот на Комисијата“; „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија предлага Комисијата“; „ЕК: Да за Албанија- Северна Македонија“; „ЕК: Предупредувања за Турција- „да“ за интеграција на С. Македонија“; „Почеток на пристапни преговори за Албанија и Северна Македонија, замрзнување за Турција предлага Комисијата“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија и препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од онлајн изданија на медиумите во Грција го пренесоа текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој детално и опширно се пренесени изјавите на Хан и Могерини, но и делови од извештајот. Друг дел, пак, се повикаа на официјалното соопштение од ЕК.

-Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија предлага Европската комисија во годишниот извештај за напредокот на Западен Балкан, по договорот со Грција за името и напредокот постигнат во клучните области за реформите, пишува АНА-МПА на почетокот од текстот.

-Според соопштението од Комисијата, Албанија и Северна Македонија ги спроведоа неопходните реформи „особено во областите кои беа карактеризирани како клучни од Советот во јуни 2018“ и „под призмата на значителниот напредок што беше постигнат и исполнувањето на соодветните предуслови, Комисијата му препорачува на Советот да ги отвори пристапните преговори со Албанија и С. Македонија“.

Исходот ќе се знае на Советот за општи работи што ќе се одржи на 18 јуни во Луксембург. Таму се очекува да има жестока дискусија меѓу разни земји почеток на пристапниот процес за С. Македонија и Албанија“, пишува весникот „Етнос“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што пишува во извештајот на ЕУ за Македонија?

Европската комисија препорача почеток на преговори со Македонија и Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо деновите за ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат и оваа недела

Редакција

Голем удар за антиваксерите: Европскиот суд за човекови права пресуди дека вакцинацијата на деца треба да биде задолжителна

Редакција

ЕУОбсервер: Доведен во прашање слободниот визен режим на Западен Балкан со ЕУ

Редакција