еМагазин
Image default
Балкан

Грчките медиуми за одлуката на Бундестагот за старт на преговорите со Македонија и Албанија

Германија: Зелено светло од Парламентот за пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија“; „Европски тепих за Северна Македонија и Албанија поставува германскиот Парламент“; „Германско „да“ за Скопје и Тирана“; „Албанија и Северна Македонија добија зелено светло од германскиот Парламент“;  „Германците велат „да“ за почеток на интеграција во ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми во однос на синоќешното гласање во Будестагот за отпочнување пристапни преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција го пренесуваат опширниот текст на грчката новинска агенција АНА-МПА под наслов „Зелено светло од Бундестагот за почеток на пристапни преговори со Албанија и С.Македонија“.

-Зелено светло на германската влада да се согласи со почеток на пристапни преговори на Европската унија со Албанија и Северна Македонија, со широко мнозинство, даде доцна вечерта во четвртокот федералниот Парламент, гласајќи за заедничкиот предлог доставен од пратеничките групи на владината коалиција. И во двата случаја беше потенцирано дека не станува збор за интеграција на земјите, туку за почеток на долг процес, кој веројатно ќе доведе до интеграција, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот на текстот.

Во продолжение детално се пренесени ставовите на германските партии за време на расправата, како и резултатот од гласањето.

МИА/фото: Бундестаг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавина честитки и благодарности по одлуката на Бундестагот: „Данке Дојчланд“

Со големо мнозинство германскиот Бундестаг изгласа почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Во Парламентот има мнозинство и за Договорот од Преспа и за доверба на Владата

Редакција

Група вооружени лица со оклопно возило упаднаа во манастирот во Бањска во Косово, има пукотници

Редакција

(Фото) И партнерката на српската премиерка на маршот на „Европрајд“ во Белград

Редакција