еМагазин
Image default
Локално

Грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол на автопатот Миравци-Демир Капија

На автопатот Миравци – Демир Капија синоќа грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол.

– На 03.01.2019 година во 20.00 часот на автопат Миравци – Д.Капија, после тунел Т2, на место викано „Јаворица“ случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „БМВ Икс3“ со грчка национална ознака управуван од С.Г.(45) од Атина удрил во заштитната еластична ограда, а потоа во товарното возило марка „МАН“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од А.Т.(39) од Демир Капија, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Во незгодата се повредени две деца на пет и тригодишна возраст, сопатници во патничкиот автомобилот, кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен скопјанец кој со „Мерцедес“ удрил полицајка и побегнал

Редакција

Кривична пријава за скопјанка која разменила фалсификувани евра во казино

Редакција

Тепачка по состанок во средното училиште Перо Наков во Куманово

Редакција