еМагазин
Image default
Македонија

Грција го отворила прашањето за „контраверзната“ изјава на Заев за “јазикот и македонското малцинство“ со Столтенберг

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по средбата со македонскиот министер Никола Димитров, порача дека имале “суштинска дискусија“ за Преспанскиот Договор и за изјавата на премиерот Зоран Заев за јазикот и македонското малцинство.

Катругалос посочи дека го отворил прашањето за контроверзната изјава на Заев и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на денешниот состанок на министри за надворешни на Алијансата.

-Имавме суштинска дискусија со македонскиот министер за надворешни, двајцата се согласивме дека проблематичните изјави предизвикуваат сомнеж за вистинското значење на Преспанскиот Договор и дека треба да се избегнуваат, токму затоа што двете земји инсистираат на верно почитување на духот и писмото на Договорот кој е од бенефит за двете страни, изјави Катругалос.

Тој додаде дека и двајцата се согласиле дека “она што точно го дефинира статусот на обврските на секоја страна е членот 3 (4), кој не остава никаков простор за интервенција во ниту една од земјите“.

Гркот потврди дека го отворил прашањето денеска со Јенс Столтенберг, покрај другите теми.

-Го отворивме и тоа прашање, а Столтенберг ме информираше и за техничкиот процес што следи, бидејќи сите се надеваме на ратификација во двете земји.

Катругалос повтори дека треба да се биде “многу, многу внимателен“ да не се создаваат сомнежи и погрешни интерепретации за тоа што го кажува Договорот.“

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради „контрверзната„ изјава на Заев, Мицотакис ги повика партиите и пратениците да гласаат против Договорот од Преспа

Грчкиот претседател Павлопулос со порака до Заев: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР изрече 785 прекршоци за неносење маска во изминатото деноноќие

Редакција

(ВИДЕО) Ристова-Астеруд приведена на аеродром, професорката ќе поднесе пријава до Внатрешна контрола на МВР

Редакција

Се читаа пораките на Вељаноски за насилството во Собрание: “Да не им дозволат да седнат на моето место“

Редакција