еМагазин
Image default
Балкан

Грција: Над 1.000 случаи на заболени со коронавирусот, 32 починати

Во изминатите 24 часа во Грција уште четири лица го загубија животот од коронавирусот, а регистрирани се 95 нови случаи, со што бројот на жртвите се зголеми на 32, а бројот на заразени лица на 1.061, јави дописничката на МИА од Атина.

На одделите за интензивна нега во грчките болници, хоспитализирани се 69 лица, кои се приклучени на апарати, а нивната просечна возраст е 66 години, соопшти денеска претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас

Во Грција, до сега, анализирани се 14.363 примероци.

Од починатите, 25 се мажи, а седум жени, на просечна возраст од 73 години.

Професорот епидемиолог Циодрас рече дека Грција, според досегашните податоци, се наоѓа „во доброто сценарио и не го следи лошото сценарио“, што е случај во други земји, споменувајќи ја Италија како пример, со драстично зголемување на случаите и жртвите.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, пак, на денешната редовна прес – конференција за коронавирусот, соопшти дека од утре во три часот наутро, до 15 април 2020 година, се прекинуваат сите летови од и кон Холандија, како и трансфер летовите од и кон Германија, односно оние кои ја немаат Атина како конечна дестинација.

Хардаљас детално се осврна на враќањето на грчки граѓани од странство, истакнувајќи дека се врши само во случаи кога постои сериозна причина, а не станува збор за општа репатријација, на сите, бидејќи „тоа би било катастрофално“.

– Не вршиме општа репатријација, бидејќи тоа би било катастрофално за јавното здравје на нашата земја. Летовите се забрануваат и се забранија поради јавното здравје. Некои немаат сфатено дека колку и да викаат, ако немаат сериозна причина, ќе си останат таму, рече Хардаљас.

Тој посебно се задржа на Англија, објаснувајќи дека оттаму постојат 2.850 барања за репатријација.

Објасни дека ќе се вратат само оние кои имаат сериозна потреба и припаѓаат на три посебни категории: оние кои имаат потреба од итна здравствена грижа што не може да им се пружи онаму каде што се наоѓаат (бремени жени, лица со сериозни здравствени проблеми), оние кои немаат каде да престојуваат поради завршувањето или прекинувањето на работниот договор, како и оние кои што се заглавени поради транзит летови.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Новозаболените лица со коронавирусот во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст

Четврта жртва на коронавирусот во Македонија: Почина жена на 66 годишна возраст од околината на Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Поранешниот бугарски министер за одбрана Каракачанов доби награда за „најголем губитник на годината“

Редакција

Бугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари, ќе биде под зголемен надзор

Редакција

(Видео) Полицајците ги соблекоа униформите, Србите ги напуштија сите косовски институции

Редакција