еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција: Нова Демократија ја победи СИРИЗА и може да формира еднопартиска влада, Златна зора не влезе во Парламентот

Централно десничарската партија Нова демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција и освои доволен број на гласови и 158 пратеници за да формира еднопартиска влада.

Предвремените парламентарни избори во Грција поминаа со помала излезност во споредба со европските избори на 26 мај годинава. Сепак разликата е многу мала и изнесува помалку од еден отсто.

Со пребројани 81,9 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е прва со 39,72%, односно 8,13% повеќе од СИРИЗА, додека пак изненадувањето на изборите е тоа што Златна зора, барем засега, не успева да ја достигне потребната граница од 3% за влез во Парламентот.

Поконкретно:

Нова демократија 39,72% – 158 пратенички места

СИРИЗА 31,59% – 86 пратенички места

Движење на промена 7,90% – 22 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 5,37% – 15 пратенички места

Грчко решение 3,74 % – 10 пратенички места

МЕРА25 3,49% – 9 пратенички места

Златна зора 2,96% – 0 пратенички места

Денеска во 13 часот по локално време, како што соопштуваат од претседателската палата, Кирјакос Мицотакис ќе положи свечена заклетва, откако претходно, од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе го добие мандатот за формирање влада.

Веднаш потоа, веројатно ќе замине за премиерската палата, каде што ќе биде и примопредавањето на функцијата.

МИА/Фото: Мицотакис/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мицотакис победи, на ред е МИЦКОтакис„: Твитер реакции за изборите во Грција

Мицотакис по победата на изборите: Грција повторно гордо ја крева главата

Ципрас: Со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десетчасовна забава за една деценија на трап сцената во Македонија

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ собира донации за да ги покрие трошоците за претстојните избори

Редакција

(Видео) Светски лидери му одадоа почит на Жак Ширак: Со „Марсељезата“ испратен експретседателот на Франција

Редакција