еМагазин
Image default
Балкан

Грција смета дека отварањето преговори само со Македонија може да донесе дестабилизација на северната граница

Поради присутноста на албанскиот елемент во регионот, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис говорејќи на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент.

Според презентираните ставови на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Грција смета дека ЕУ треба да даде зелено светло за почеток на преговори истовремено за Северна Македонија и Албанија и да нема разделување на кандидатурите на двете земји, jави дописничката на МИА од Атина.

– Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји, односно coupling, наместо раздвојување, т.е. decoupling, објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција пред членовите на парламентарната комисија.

Валрвициотис рече дека Грција отсекогаш ја поддржуваше европската политика на проширување за Западен Балкан, „бидејќи смета дека е силно средство за постигнување мир, стабилност и просперитет за поширокиот регион“, но додаде дека грчката поддршка е нераскинливо поврзана со почитувањето на условите и со „принципите на самите постигнувања на земјите кандидати“.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција на денешната седница на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент ги презентираше стратешките цели на грчката надворешна политика, говореше за темите кои што се во негова надлежност, како што се прашањата поврзани со Европската унија, европската перспектива на земјите од регионот, Брегзит и сл.

Свои обраќања на комисијата имаа и претставниците на останатите партии, кои ги изнесоа нивните ставови за темите поврзани со надворешната политика и поставија прашања до Варвициотис, по што седницата продолжи зад затворена врата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе поддржи отворање преговори на Македонија со ЕУ, но не безусловно

Холандија е за раздвојување на Македонија и Албанија, но нема да става вето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на вчерашната седница на грчката Влада

Редакција

Во Грција повторно се отвораат клиники за лекување ковид пациенти

Редакција

Турција и официјално побара името во ОН да и се смени во Туркије

Редакција