еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Грците лути и на Чулев: Во биографијата му пишувало Република Македонија

И министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев е спомнат во вербалната нота која Грција ја испратила до македонското Министерство за надворешни работи за непочитување на Преспанскиот договор од страна на министерката за труд и социјална политика, Рашел Мизрахи.

Тој денеска информираше дека Грција реагира во врска со неговата официјална биографија која стои на официјалната страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Вчера Чулев бил повикан во Грчката амбасада, каде му било укажано дека имаат забелешка на тоа што во неговата биографија во графата државјанство пишува Република Македонија.

Од Амбасадата реагирале и на амблеми со знакот на МВР на кои пишувало Република Македонија.

Чулев нема да ја менува биографијата, бидејќи како што вели тоа е приватен документ, а не државен.

И Мизрахи најави дека не планира да ја менува таблата во Министерството за труд и социјална политика, на која пишува Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коѕијас бара забрана за влез на министерката Мизрахи во ЕУ: Реакции во Грција за таблата со „Република Македонија“

Грчки медиуми: Министерката Мизрахи од ВМРО продолжува да провоцира

Мицкоски по најавата за разрешување на министерката Мизрахи повикува на разум и достоинство

ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието

Редакција

Од утре нестабилно и посвежо, со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Редакција

Мето Јовановски не само што ја обогати нашата култура како култен актер, туку и стана светилник на верата, добрината и благородството, велат од Бигорски манастир

Редакција