еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Грозоморни убиства низ Македонија: Пронајдени човечки трупови во резервоар за гориво од камион и вреќа

Вчера во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица беше пронајден нов човечки труп во резервоар за гориво од камион.

За сега нема податоци за идентитетот на лицето.

Пред неколку недели од „Турија“ од метално буре беше изваден уште еден труп, на Р. И. (57) од Струмица, кој се водеше како исчезнат, а извршената обдукција покажала дека смртта настанала по насилен пат.

За да се задржи под водата, бурето било оштетено и во него биле поставени тегови, информираа тогаш од Основното јавно обвинителство Струмица.

СВР Струмица за овој случај поднесе кривична пријава против М.В. (52) од село Добрејци, Струмица, кој е во притвор, за извршено кривично дело „Убиство“.

За сега нема официјални податоци дали овие два случаи се поврзани на некој начин и дали станува збор за ист убиец.

Вчера на патот кон с.Горно Оризари, во нива беше пронајден уште еден труп, на жена, во црна вреќа.

По наредба на јавен обвинител нејзиното тело е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка и за сега нема повеќе информации за оваа грозоморно убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Труп од жена пронајден во црна вреќа на патот кон Горно Оризари

Нов човечки труп пронајден во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Жител на Добрејци осомничен за убиството на Струмичанец: Телото му го сокрил во метално буре кое го потопил во браната „Турија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познат идентитетот на 14. загинати во автобуската несреќа

Редакција

Метлата „заигра“ во базата: Заев ги разреши сите претседатели на општинските организации на СДСМ

Никола Осило

Пензионерите „слаба точка“ на секоја владејачка гарнитура, посебно пред избори

Никола Осило