еМагазин
Image default
Македонија

Груби: ДУИ не е за избори, сега размислуваме за храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би застанале зад договорот со Грција

ДУИ претпочита прашањето за уставните амандмани да се реши во Собранието. Се уште има простор да се седне и да се договори решение, изјави пратеникот Артан Груби во „Топ тема“ на телевизија Телма во врска со можноста за предвремени избори ако не се постигне договор со опозицијата за промена на Уставот.

– По прашањето на предвремени избори, ние претпочитаме прашањето да се реши во Собранието. Ние сметавме дека нема потреба од рефрендум и сметавме дека пратениците имаат мандат добиен на избори тоа да го направат во Собранието. Сметаме дека се уште има простор да се достигне до 80 гласа за усвојување на уставните амандмани и во наредните денови ќе работиме со нашите колеги од опозицијата да го постигнеме тоа, рече Груби.

Ќе се разговара да се осигураат 80 гласови, вели Груби, „ако треба колективно, ако треба индивидуално и мора пратениците да ја преземат одговорноста врз себе, па дури и по цена на политичката кариера“.

– Во ДУИ уште не се размислувало за избори со заеднички листи на актуелната власт. Ние сега размислуваме за храбри пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би се приклучиле на мнозинството во одлучувањето по ова прашање. Сметам дека во моментов има простор да се седне и да се договори. Ако има подготвеност да се гласа и што да се добие за да се гласа, ајде да седнеме и да се договориме, истакна Артан Груби.

Фото: Фејсбук/Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Космонаутко ја вакцинираше Шекеринска против Ковид-19 која со маичка порача: „Во одбрана на здравјето – вакцинирајте се!“

Редакција

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Редакција

Палењето на бугарското знаме е недопустливо и за осуда, порача Пендаровски

Редакција