еМагазин
Image default
Македонија

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ за Извештајот на ЕК

Причина за одложувањето на денешната седница на Комисијата за европски прашања е тоа што Комисијата не успеала да обезбеди претставник од Мисијата на ЕУ, ниту пак да поканат претставници на дипломатскиот кор и други гости, имајќи предвид дека покрај Предлог-законот за попис, на дневен ред е и Извештајот на ЕК, посочува за МИА, претседателот на ова собраниско тело, Артан Груби.

– Комисијата ја закажавме во петокот попладне, но на дневен ред е и Извештајот на ЕК, па поради краткиот период за подготовка, затоа што за жал времето за подготовка беше многу кусо и за време на викенд, не успеавме да осигураме претставник од Мисијата на ЕУ, ниту да го поканиме дипломатскиот кор, невладините и други гости, наведува Груби без да наведе за кога е одложена седницата на Комисијата.

На собраниската веб-страница нема нов датум за одржување на седницата на Комисијата.

Пратеници од СДСМ велат дека синоќа Комисијата на седницата била одложена од страна на претседателот Груби без образложение.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, со законот за попис и идејата за една изборна единица власта се обидува да ја дефокусира јавноста од недобиениот датум за преговори, економската „0“ и други прашања.

-Премиерот подолго време најавува реконструкција и одеднаш во јавноста се пласираат две многу големи и тешки прашања -законот за попис и за една изборна единица. Оттука може да станува збор само за нов обид на премиерот Зоран Заев за трговија со лажни државни и национални интереси, вели портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откажана собраниската расправа за Предлог-законот за попис

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес ученик и техничко лице имаат Ковид -19, во самоизолација 20 ученици

Редакција

Нина Ангеловска предложена за министер за финансии

Редакција

Почна судењето: Мухамед Зеќири не се чувствува виновен, Обвинителството тврди дека ќе го докаже обвинението

Редакција