еМагазин
Image default
Македонија

Груевски, Јанакиески и Пешевски на суд: Нови рочишта за „Траекторија“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Траекторија“ и„Титаник 3“.

Со читање на СМС пораки треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Во Кривичниот суд рочиште ќе се одржи за предметот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.

Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.

Адвокатите на Аљими и Гури на претходните рочишта пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 75 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

Редакција

Ден Дончев бил на распит во Полициската станица Карпош, по разговорот си заминал

Редакција

Пред изборите можни се нови имиња на „црната листа„ на САД, најави американската амбасадорка Агелер

Редакција