еМагазин
Image default
Македонија

Груевски, Јанакиески и Пешески на суд: Ново рочиште за „Траекторија” на СЈО

Со презентирање на СМС пораки и други доказни материјали што ги предложи СЈО, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

На претходното рочиште беа прочитани неколку стотини СМС пораки меѓу пранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерството, Елена Кузмановска, секретарот на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тито Петковски: Местото на францускиот предлог му е на референдум

Редакција

Апелација одлучува за затворските казни на Мијалков и Јанкулоска за „Таргет-Тврдина“

Редакција

(Фото) Премиерот Ковачевски и сопругата Елена на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Редакција