Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил се јави со честитка по повод Европската шампионска титула на РК Вардар.
„Браво Вардар! Честито шампиони! Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите враборени во клубот! Честитки за огнената публика која ги бодреше! Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава. Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот, а сега мораат да честитаат.
Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со „жар и срце“ може да се успее и да се биде најдобар! Нека продолжат успесите!“, напиша Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога ракометарите на Вардар ќе пристигнат на Плоштадот
Бесплатен превоз до скопскиот аеродром за пречек на ракометарите на Вардар
Црни дамки од прославата за „Вардар“: Девојка изгорена од пиротехника, оштетено возило на МВР
Немили сцени од прославата за „Вардар“: Со бекатон плочки му го каменувале „Аудито“
(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси
Фото: Фејсбук/Груевски