еМагазин
Image default
Македонија

Груевски му врати на Заев: Јас ќе “пливам” некако, а ти “уживај” во сопственото тонење

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, на Фејсбук му одговори на премиерот Зоран Заев, кој му порача, ако сака да помогне на државата, да се врати во Македонија и да ја ослужи затворската казна.

“…она кога донесен на позиција со задача, со задоцнување кое трае многу подолго од мајтапот на “Порошенко” ќе почне да капира дека паѓа од власт, па паниката ја прикрива со обид пред камерите да биде вицкаст, а гневот и омразата ја изразува преку експресно активирање на нови незаконски и наменски креирани обвиненија лансирани преку судот, диктирање соопштенија кои ги пушта партијата и изјави на портпаролот…

Јас ќе “пливам” некако, а ти “уживај” во сопственото тонење после рекетот, крадењето и предавстсвата, заедно со оној градоначалникот полн со “млеко”…

Еве ако сакаш да ти помогнам за следното соопштение, обвини ме дека јас, а не ти сум кроел стратегии и организација за систематски државно организиран рекет со милионски суми во канцеларија заедно со Боки, и дека Кики и Фрики биле функционери на ВМРО, а не на СДСМ.

Кажи дека “специјалната” јас ја подучив како предупредувачки да те скочани и замисли да не се најдеш кај Боки пред неа.

Кажи и дека оној на Фрики во УБК јас сум го врбувал за да те потсети на некои работи, а дека Кики кој ти беше маша за партиски вработувања и рекет всушност цело време бил навигиран од мене“, напиша Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев до Груевски: Нека се врати дома, помош за државата е и кога ќе си ја отслужиш казната

Шилегов до Груевски: „Пливај мали!!! Ауууу, Маџарска нема море“

На Груевски ќе му се суди и за „Белата палата„: Одобрен обвинителниот акт за „Талир 2“

Груевски на Фејсбук за Заев: Понекогаш ми доаѓа да фатам да го бранам

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВР Тетово предупредува на измами со наводни пораки од српското МВР

Редакција

Нови рочишта за „Титаник 2“ и „Тревник“: Обвинети Тачи, Мијалков, Латас

Редакција

Обвинителството отвори предистрага за Рашковски

Редакција