еМагазин
Image default
Македонија

Груевски не го ополномоштил адвокатот Наков за случајот „Талир 2“, рочиштето одложено

Случајот кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир 2“ се одложи бидејќи првообвинетиот Никола Грувски беше без адвокат, па имаше потреба од назначуваање на бранител по службена должност.

Неговиот досегашен правен затапник, Дончо Наков, и на претходното рочиште рече дека нема полномошно. Тој побара прво да добие согласност од Груевски дали може да го застапува сега кога предметот е префрлен во скопското обвинителство и е заведен под нов број.

Обвинет во овој случај, покрај Никола Груевски, е и Кирил Божиновски. Тие се товарат дека овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, иако истата фирма во исто време имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија.

Тоа според обвинитителството, е спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавата за напад во центарот на Скопје е лажна, велат од МВР

Редакција

Влада: Времено се замрзнува издавањето одобренија за градење и легализација на дивоградби во Охрид

Редакција

(Фото) Сузбиена криминална група за шверц на хероин и кокаин: Запленета дрога вредна милион евра

Редакција