еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски: Планирав да одам во затвор, но избегав бидејќи ми се спремаше ликвидација таму

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски кој избега во Унгарија, каде доби политички азил во интервју за телевизијата Сител рече дека бил решен да оди во затвор, но добил информации од луѓе во затворот дека ќе биде ликвидиран.

“Најпрвин бев со намера доколку власта оди до крај, а се гледаше дека ќе оди до крај, да влезам во затвор, иако неправедно бев политички прогонуван, иако со тотално луди пресуди кои немат никаква правна основа. Но во последните денови добив одредени информации кои укажуваа на веројатно планирана моја ликвидација во затворот„, рече Груевски.

Информациите за негова ликвидација, како што рече, ги добил „од добро информирани лица од внатре“, но не можел јавно да каже кој стои зад ликвидацијата од причина што не можел во моментов да го докаже.

“Не можам да го кажам тоа јавно од причина што не можам во моментов да го докажам. За да обвините некого треба да имате цврсти докази, но имав сигурни сознанија од сигурни лица, така што ја променив одлуката и одлучив да заминам од Македонија и да побарам азил заради политички прогон“, рече Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Еден ден ќе се вратам“, порача Груевски

Груевски во Будимпешта живеел кај пријатели

“Оливер разочаран пошто Груевски ништо не открива„: Твитер за првото појавување на Груевски на телевизија

Власта не ми помогна да избегам, вели Груевски

Груевски на телевизија објасни како избегал, ама не кажа како ја напуштил Македонија

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ја тресе скандал со прислушување, првиот човек на службата за разузнавање поднесе оставка

Редакција

Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите во Железници

Редакција

Детален преглед: Пожари во Штипско, Струмичко, Скопско, Битолско, Охридско, Тетовско, Кумановско и Велешко

Редакција