еМагазин
Image default
Македонија

Груевски поднел барање за азил во Унгарија од трета земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се изјаснил дека сака да побара политички азил во унгарско претставништво надвор од Македонија, и Будимпешта нема никаква врска со неговото бегство од матичната држава, изјави денеска Гергеј Гујаш, шеф на Кабинетот на претседателот на унгарската Влада, Виктор Орбан.

Тој не сакаше да открие во која земја Груевски го поднел барањето и како стигнал до Службата за имиграција и азил во Будимпешта, каде што ги поднел документите и бил сослушан од службениците.

Гујаш истакна и дека Унгарија, се уште не добила официјално барање од Македонија за екстрадицијата на Груевски, но нагласи дека ако такво барање пристигне, тогаш Будимпешта ќе постапи согласно законите.

Од македонското Министерство за правда вчера соопштија дека се подготвува потребната документација за екстрадицијата, откако кај нив стигнало известување од Министерството за внатрешни работи дека Груевски се наоѓа во Унгарија.

За екстрадиција на Груевски потребни се документи од Судот односно правосилна пресуда, извадок од КЗ за описот на делото и застареноста на кривичното гонење односно за извршувањето и барање од Судот до надлежниот орган во државата каде што треба да се постапи за екстрадиција.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто до Димитров: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

Димитров до Сијарто: Парадоксално е барањето азил во земја на ЕУ од личност во чие владеење Македонија беше „заробена држава“

Кабинет на Орбан: Унгарија досега нема добиено официјално барање за екстрадиција на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК

Редакција

Камчев на лекување во „Систина“

Редакција

Османи: Засега без договор со СДСМ за можниот консензуален кандидат за претседател

Редакција