еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Адвокатот на Груевски: Ми се јави од Унгарија, „киднапирањето“ го примив со неверување

Еленко Миланов, адвокатот на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, за неколку предмети во кои е обвинет, во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизијата Телма рече дека немал сознанија дека неговиот клиент планира да ја напушти Македонија и дека Груевски му се јавил откако пристигнал во Унгарија.

Груевски го исконтактирал и му кажал на кој телефонски број може да го контактирам.

Тој тоа го пријавил во судот, и вели дека нема ништо тајно и дека МВР знае за се што постои во неговиот телефон, и дека е убеден дека МВР знае за бројот на екс-премиерот.

Со Груевски контактирал во доцните вечерни часови на 13 ноември, истиот ден кога поранешниот премиер се огласи на својот Фејсбук профил дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил, а потоа следела и комуникација преку СМС пораки, околу правни прашања.

„Се јави на 13 ноември во доцните вечерни часови. Судечкиот совет е информиран, не само од мене туку од сите во тимот кои сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава. Потоа имавме уште една комуникација по пораки за овдешното судење, за можноста да му биде определена мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот. Ме нема контактирано во врска со барањето за азил, бидејќи немаме ние никаква врска со тоа… Мислам дека МВР го има бројот на Груевски. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон, туку од еден друг куп информации кои можат да ги обезбедат“, рече Миланов.

За информацијата која ја соопшти премиерот Зоран Заев, дека Груевски е можеби кидапиран, рече дека ја примил со неверување.

„Никој не веруваше на таа информација… Дали тоа беше кажано со иронија или сериозност неможам да отценам….“, рече Миланов, кој рече и дека ако има потреба да се слушне со него за потребите на предметите кои ги води, ќе го направи тоа и дека ќе биде негов адвокат додека не му биде одземено полномошното да го застапува.

Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Транспарент со Груевски „виси“ на унгарскиот Парламент

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

МНР упати протестна нота до Унгарија поради бегството и азилот на Груевски

Црногорско МНР: Нема ништо спорно во преминувањето на Груевски низ Црна Гора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без симптоми 27,1% од заболените од корона вирусот

Редакција

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари

Редакција

Министрите за надвореши работи на Австрија, Словенија и Чешка денеска во Скопје

Редакција