еМагазин
Image default
Свет

Група новинари прогласени за Личност на годината во избор на „Тајм“, помеѓу нив и Кашоги

Магазинот „Тајм“ прогласи група новинари за Личност на годината, појаснувајќи дека тоа се „поединци кои се изложиле на голем ризик во потрага по вистина“.

Помеѓу нив е и убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги. Во образложението на изборот се наведува дека прогласувањето на Кашоги за личност на годината е признание и за сите „други новинари“.

Кашоги се најде на првото место во изборот, пред американскиот претседател Доналд Трамп и специјалниот обвинител на САД, Роберт Малер, кој раководи со истрагата за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Џамал Кашоги беше новинар на американскиот весник „Вашингтон пост“ и беше познат по своите критички текстови кон саудиските власти. Тој беше убиен на почетокот на октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турските власти, но и најголемиот дел од меѓународната заедница, вклучитечно и САД, за убиството на Кашоги ги обвинуваат властите во Ријад и првенствено саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

Во оваа група на „Тајм“ се најдоа и филипинската новинарка Марија Реса, репортерите на „Ројтерс“ Ва Лоне и Кјав Сое О, кои веќе една година се затворени во Мјанмар, како и весникот „Капитал газете“ од Мериленд, чии шестмина вработени беа убиени во масовното пукање во јуни годинава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во шведските и дански води забележано истекување на гас од цевководите на Северен поток

Редакција

Европската унија собира докази против Иран за продажба на дронови на Русија

Редакција

Медведев ни се потсмева за рекордната цена на гасот

Редакција