еМагазин
Image default
Бизнис

Групацијата Балфин и Комерцијална банка ја преземаат Тирана банка од Пиреус банка

Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза објавија дека потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка.

Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.

„Балфин и Комерцијална банка АД Скопје имаат долга историја на соработка во Република Македонија и ова е прва инстанца за заедничко работење во Република Албанија.

Купопродажната трансакција е предмет на соодветни регулаторни одобренија во поединечните јурисдикции.

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, предводена од меѓународен Управен одбор и ќе продолжи да ги проширува активностите на банката во Република Албанија.

Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и вработени, Тирана банка е една од најдобрите банки во Република Албанија.

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат да ја надоградат таа репутација и доверба од клиентите и понатаму да ги зголемат активностите на банката.

Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.

Комерцијална банка АД Скопје е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање на нови производи користејќи интернет платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа“, велат од Комерцијална банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 4,7% на индустриското производство во ноември

Редакција

Поранешниот политичар, Имер Селмани ќе се испроба и во градежништво, почна да го гради Гарден Ин Ресиденс

Редакција

(Фото) Започна изградбата на источното крило на железничкиот Коридор 8

Редакција