еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?

Ненадејно губење на мирис – познато како хипосмија може да биде симптом на коронавирусот, дури и ако пациентите немаат други симптоми, велат водечките епидимиолози во Велика Британија, пишува Бизнис инсајдер.

Докази од Јужна Кореја, Кина и Италија укажуваат на тоа дека многу пациенти заразени со коронавирусот можеби доживеале губење на мирис без други симптоми.

Британското здружение за оториноларингологија ги повикува властите да ги советуваат сите со губење мирис или вкус да се изолираат.

Младите се со поголема веројатност да ја носат болеста без да ги презентираат попознатите симптоми на треска и кашлање, веруваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

КОИ СЕ ДРУГИТЕ СИМПТОМИ

Како што е веќе познато, генерални симптоми кои укажуваат дека можеби сте заразени со коронавирусот се високата температура, сува кашлица, треска, болки во мускулите и зглобовите, тешкотии при дишењето, болки во грлото и главоболка.

Некои од заболените имаат и губење на апетит или дијареја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како во Македонија се транспортираат примероци за лабораториска анализа за коронавирусот

Еден или повеќе негативни резултати по тестирање не исклучуваат можност дека сте заразени со коронавирусот

Полицискиот час скратен за 1 час

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Премиерот на БиХ незнае да стави медицинска маска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 12 лица, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција

Јанева на денешната прес-конференција во СЈО не одговараше на новинарски прашања

Редакција

Проф.Трајковски: Вакцините се уште се ефикасно средство за заштита од смртен исход од Ковид-19, но се намалува ефективноста од спречување на зараза

Редакција