еМагазин
Image default
Свет

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Застрашувачко глобално зголемување на семејното насилство во кризата со корона вирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди за „застрашувачко глобално зголемување“ на семејното насилство во кризата со коронавирусот и ги повика владите да направат поголеми напори за да спречат насилство врз жените.

„Знаеме дека изолацијата и карантинот се неопходни за борба против Ковид-19. Но, тие можат да бидат стапица за жени со насилни партнери. Многу жени и девојчиња се изложени на најголем ризик каде треба да бидат најбезбедни. Во нивните домови.

Во некои земји, двојно е зголемен бројот на жени кои повикуваат служби за поддршка, здравствените работници и полицијата се преоптоварени и не се доволни, а локалните групи за поддршка се „парализирани“ од недостаток на средства,“ нагласи шефот на ОН.

Тој ги повика владите ширум светот да обезбедат континуирано гонење на насилниците, да воспостават кризни системи во аптеките и продавниците и да ги прогласат засолништата за основна услуга.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МПЦ пред Велигден повика да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот

(Мапа) Скопје, Куманово и Дебар со најголем број, во Крушево први случаи на заболени со коронавирусот

(Табела) Нов рекорд на заболени со коронавирусот во Македонија на дневно ниво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандската министерка за надворешни Кааг поднесе оставка заради Авганистан: „Mинистерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика“

Редакција

Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови

Редакција

Украина е подготвена да направи отстапка во однос на НАТО, но не ги дава Крим, Доњецк и Луганск

Редакција