еМагазин
Image default
Свет

Гувернерот на Њујорк бара легализирање на марихуаната за рекреативни цели

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо на почетокот на следната година на американскиот конгрес ќе предложи предлог-законот, со кој се дозволува употреба на марихуана за рекреативни цели.

„Кај нас дејствуваат два кривично-правни системи. Еден за богатите и друг за сите други. На тоа ќе биде ставен крај. Ајде да ја легализираме консумацијата на марихуана од возрасни еднаш засекогаш“, изјави Куомо.

Според извештајот, подготвен на барање на гувернерот, таква легализација на марихуаната може да донесе над 1,3 милијарда долари даночни приходи годишно.

Во моментов потрошувачката на марихуана за рекреативни цели е дозволена во 10 американски држави и округот Колумбија, а во други 33 држави се дозволува продажба на марихуана за медицински цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Сè уште е далеку крајот на пандемијата, на половина пат сме

Редакција

Милијардерот Илон Маск го продава речиси целиот свој имот

Редакција

Кина ја отфрла дополнителната истрага за потеклото на коронавирусот

Редакција