еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Гужва„ во Обвинителството за распит за „Рекет“, првоосомничениот Боки 13 се уште неповикан

Нова „тура“ за распит за случајот „Рекет“ на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

За два дена на распит во Обвинителството беа Агапи Дика, претседателката на Собранието на невладината организација Меѓународниот сојуз, на првоосомничениот во случајот, Бојан Јовановски (Боки 13), Јованка Кухар, финансиска раководителка и координаторка во невладината, продавачка во луксузната продавница на „Пјер Карден“ и по втор пат бизнисменот Зоран Азманов.

Пред неколку дена исказ за случајот „Рекет“ даваа потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски и пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, чие имиња се поврзуваа со аферата уште од отварањето на случајот.

Претходно во Обвинителството за „Рекет“ беа и бизнисменот Силјан Мицевски и водителката Лила Филиповска.

Пред нив во Обвинителството за истиот случај беа и дури тројца обвинители од поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лиле Стефановска, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

На распит пред Јанева да заврши во притвор беше и Зоран Милески, осомничен во „Рекет“, но до сега не бил и првоосомничениот во случајот, Боки 13, кој е првата асоцијација за мега скандалот.

Тој до сега не дал исказ за Рекет“, освен дента кога беше уапсен и беше на распит во Обвинителство, но за да се утврди дали да му биде изречена мерка притвор или не.

Во меѓувреме тој заврши во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто оризари, а неодамна истиот му беше продолжен за уште 30 дена.

Обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот неодамна изјави дека Боки 13 ќе биде повикан на распит, доколку се процени дека има потреба за тоа.

По летните одмори, во јавноста се создава чувство дека на случајот „Рекет“ се работи забрзано, но сепак граѓаните се уште чекаат одговор на куп клучни прашања за мега аферата од чија разрешница ни зависи и датумот за старт на преговорите со Европската Унија.

Да не зборуваме колку од епилогот на „Рекет“ зависи довербата на граѓаните во правдата, која во Македонија е мисловна именка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, стравува дека евентуалната вина за „Рекет“ ќе падне само на неговиот клиент

Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и Финансиска полиција

Претседателката на Собранието на Меѓународен сојуз на Боки 13 не знае каде завршиле парите кои бизнисмени ги уплаќале на невладината

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најтрувани акции на Македонската берза во февруари

Редакција

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 3,8 милиони евра

Редакција

Починаа 12 лица од Ковид-19, најмладиот има 27 години

Редакција