еМагазин
Image default
Македонија

Хан: Бугарија да не го злоупотребува пристапниот процес за билатерални спорови

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е „уверен“ дека Софија нема да го блокира почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но ја повика да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми.

Одговарајќи на прашање на МИА за позицијата на Бугарија околу преговорите со Северна Македонија и барањата поврзани за историјата и јазикот, Хан истакна дека е „многу уверен дека ова не води кон никакво вето“ и дека има „многу доверба“ во бугарскиот премиер Бојко Борисов дека тоа нема да се случи.

– Но, ова е исто така прашање каде можам само итно да ги повикам нашите земји членки да не го употребуваат процесот за билатерални прашања, ако тоа биле случај, тогаш ова никаде не води, истакна комесарот Хан.

Тој ја искористи можноста да ги повика земјите членки на ЕУ да го поедностават преговарачкиот процес за земјите кандидати, со помалку простор за блокади.

– Затоа и повеќе пати реков дека иако сум за задржување на едногласноста за одлуката за отворање преговори и одлуката за прием на нови членки, сметам дека за сите бројни чекори помеѓу, бенчмаркови, отворање преговори, итн., доволно би било квалификувано мнозинство, па дури и минус една или две земји затоа што тоа е реалноста, прагматичен пристап ни оди на сите во корист и не им штети на нашите интереси, изјави Јоханес Хан за МИА.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот идентитет во опасност: Додека да станеме членка на ЕУ, Бугарија и Грција ќе ни ја „извадат“ душата

Бугарија не го признава македонскиот јазик, од ЕУ ќе бара да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“

Бугарија ги кажа условите за датум за ЕУ: Скопје да не бара признавање на македонско малцинство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои пратеници гласаа за ратификација на протоколот за НАТО?

Редакција

Поранешниот претседател на ДИК Чичаковски, кој беше дел од аферата со делење на бонуси, конкурирал за управен судија

Редакција

Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Редакција