еМагазин
Image default
Македонија

Хан, Могерини, Столтенберг честитаа за уставните измени, никој не спомнува Северна Македонија

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, први се огласија по гласањето за уставните измени во македонското Собрание вечерва, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на Европската унија, Могерини и Хан „со цело срце“ му честитаат на Собранието за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.“

„Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ“, посочуваат Могерини и Хан.

ЕУ, велат тие, силно го поддржува договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа“.

„Додека ги чекаме следните чекори кои водат до целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на ЕУ интеграција“, напишаа Хан и Могерини.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

„НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион“, порача Столтенберг.

Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното“ гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.

„Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија“, твитна Кукан.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Кои пратеници изгласаа промена на името на државата во Северна Македонија

Македонија и официјално стана Северна Македонија: Гласаа 81 пратеник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Сали Мурати, новиот претседател на Уставниот суд

Редакција

И СДСМ ангажираше ракометар, Мојсоски ќе ја води Комисијата за спорт

Редакција

Вкупно 2.866: Од Ковид-19 починаа 11 лица

Редакција