Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад, но е ослободен од најсериозните обвиненија против него – предаторски сексуален напад и силување од прв степен.
Вајнстин е прогласен за виновен по две обвиненија силување од трет степен и криминален сексуален чин од прв степен.
Движењето #MeToo пред две и пол години го разобличи во јавноста однесувањето на Вајнстин кон негови филмски соработнички и други жени, за кое се знаело, но се молчело. Тој допрва треба да се соочи со обвинувањата за силување и сексуален напад врз две жени во 2013 година.
На денешното судење, неговите адвокати тврдеа дека секој сексуален контакт за кој го обвинуваат бил со одобрение.
Фото: nbcnews.com
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.