еМагазин
Image default
Бизнис

Хеленик Петролеум бара 32 милиони долари оштета од Македонија, Владата ќе преговара да ја намали сумата

Македонската Влада почнува процес на преговори со цел цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на Буџетот на Република Македонија, доколку државата го загуби арбитражниот спор со Хеленик Петролеум за отштетно побарување поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 година.

-За овие четири календарски години и неисполнување на нашиот дел во таа обврска се бараат 32 милиони долари. Арбитражната постпака е покрената за овој спор за 2011 година затоа што тоа е последната година кога рафинеријата работи како рафинерија. По таа година не работи веќе како рафинерија Хеленик. Затоа ова ќе биде последна ваква постапка, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање.

Дали Македонија ќе треба да ја исплати оваа сума, рече тој, ќе се види кога ќе заврши постапката.

-Она што е важно е дека во моментот Владата започнува процес на преговори со цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на буџетот на Република Македонија, што е резултат на нешто направено од претходните влади, рече Бошњаковски.

Тој појасни дека договорот во 1999 година го склучува тогашната Влада на РМ и оти во него, покрај останатите,  ја има и оваа штетна клаузула со која што Македонија се обврзува да набавува 500 илјади тони годишно мазут. Оваа штетна обврска, рече, е преземена за период од 20 години и истекува во мај 2019 година.

Владиниот портпарол истакна дека Македонија веќе еднаш има изгубено арбитражен спор и оти тој се однесувал на периодот 1999/2007, кога не сме ја исполнувале преземената обврска и била донесена пресуда на наша штета како држава.

Во 2007 година Македонија требало да плати 86 милиони долари, но по порамнување тогаш државата исплатила 40 милиони долари.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Владата ја разгледуваше новата арбитражна постапка против Македонија од грчката „EL.PET.Balkaniki“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мебел-Ви инвестира и во време на криза: Поставен камен темелник на новиот продажен центар во Струмица

Редакција

Сопственикот на брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“ ќе затвори 1.200 продавници, продажбата се сели на Интернет

Редакција

Општина Штип: Поради кочење од Владата, пропадна обидот да се обезбедат пари преку обврзница

Редакција