еМагазин
Image default
Македонија

Хеликоптер на МВР се урна на аеродромот во Скопје, едно лице лесно повредено

Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот.

Како што информираат од МВР за МИА, денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво, хелихоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при полетување.

Во него биле пет лица.

Според првичните информации едно лице се здобило со лесни телесни повреди.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските и бугарските историчари постигнаа мал напредок за Гоце Делчев

Редакција

237 нови случаи на Ковид-19 од 1.525 тестирања, најмногу во Скопје 123

Редакција

Синот на Тахир Хани, заменик генерален секретар во Владата и шурнајката на министерот Бектеши се вработија во ЕЛЕМ

Редакција