еМагазин
Image default
Македонија

Хелсиншки комитет бараат истрагата за бегството на Груевски итно да заврши и ја осудуваат неажурноста на институциите

Најостро ја осудуваме неажурноста на институциите во спроведувањето на истрагите поврзани со утврдување на пропустите и одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, се вели во реакцијата на Хелсиншки комитет.

Тие бараат истрагите итно да завршат, и тоа во рок од 10 дена, и да се утврди одговорност за пропустите, евентуалното непостапување или соучество.

„Во спротивно ќе бараме политичка одговорност на највисоките функционери. Апелираме да не се подрива ЕУ перспективата на Македонија, која зависи од владеењето на правото. Потсетуваме дека избегнувањето на правдата ја урнисува надежта на граѓаните во демократијата, за која народот се бореше со години.

Имено, поминаа повеќе од две седмици од објавувањето на нашата прва реакција во која побаравме итно покренување истраги како и утврдување на фактичката состојба и пропустите кои доведоа до тоа Никола Груевски, најпознатиот осуденик на Балканот, да стане најпознат бегалец во регионот гладен за правда.

Непреземањето на никаква одговорност и покрај индициите за сериозни пропусти и непочитување на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи, ги зголемува сомнежите дека не постои волја за утврдување на вистината. Со тоа повторно влегуваме во волшебниот круг на одржување на културата на неказнивост“, се вели во соопштението.

Истрагите кои недозволиво се одолговлекуваат предизвикувајќи зголемена недоверба на граѓаните во системот е потребно итно да завршат.

„Натаму, мора да се поведат постапки за утврдување одговорност и санкционирање на лицата чии пропусти, евентуално непостапување или соучество го овозможиле бегството! Доколку правната одговорност изостане, тогаш дополнително би се зајакнала културата на неказнивост што во следна фаза би повлекло и наши барања за политичка одговорност на највисоките функционери кои ги предводат институциите чии пропусти го овозможиле бегството.

Со пропустите, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Јавното обвинителство и останатите институции директно ги подриваат перспективите на Република Македонија за добивање на датум за преговори со Европската Унија во јуни 2019 година. Заклучоците од јуни годинава, недвосмислено укажуваат дека владеењето на правото и спроведувањето на правдата се услов за добивање датум за почеток на преговори. Со оваа постапка, членките на ЕУ кои се колебаат околу проширувањето добиваат нови против-аргументи за случајот на Македонија.

Избегнувањето на правдата од страна на криминалците ја урнисува надежта на граѓаните кои кои се гладни за правда и одговорност. Тоа го зголемува цинизмот и претставува најголем пораз за возобновениот демократски ентузијазам кој доведе до демократски промени во Македонија. Нема функционална демократија без надеж за промени. Цинизмот создава плодна почва за појава на демагогија, десничарски популизам и недоверба во демократијата. Влогот во оваа работа е затоа многу поголем од судбината на еден осуден криминалец од висок ранг“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Груевски додека има мандат ќе зема пратеничка плата, која ќе му се намалува

Вучиќ: „Ќе беше најдобро на светот ако го уапсевме Груевски без потерница“

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството бара притвор за Јакимовски, приведени се уште две лица

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Редакција

Бонева за „Фокус“: Станот во Скопје го купивме со парите од лото кои сопругот ги доби во 2013 година

Редакција