еМагазин
Image default
Локално

Херојски потег на вработена во аптека: Спречила кражба со викање

Вработена во тетовска аптека со викање најверојатно успеала да уплаши непознато лице кое се обидело да изврши кражба во објектот. Откако добила закана и и биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и побегнала од аптеката по што без да земе нешто заминало и машкото лице.

„Ноќеска во 1 часот, 47-годишната тетовка А.С.Ѓ. во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во аптека на улица „29 Ноември“ непознато лице и се заканило и ги побарало парите од касата. Меѓутоа, според пријавеното, откако таа избегала од објектот и почнала да вика, лицето заминало без да земе ништо“, соопшти СВР Тетово

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

Редакција

Заборавен шпорет предизвика пожар во куќа во Скопје

Редакција

Двајца охриѓани претепале брачен пар по вербална расправија за сообраќајка

Редакција