еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Hertz Македонија ја освои наградата „Internacional customer experience award 2018“

Hertz Македонија ја освои престижната награда за извонредна услуга на клиентите од Rentalcars.com, светскиот лидер за онлајн-изнајмување автомобили.

Rentalcars.com веќе четврта година анализира анкети и коментари за да ги препознае компаниите кои константно нудат врвна услуга и искуство во областа на изнајмување возила.

„Секој член од тимот на Hertz, секој работен ден го напушта својот дом со една цел – клиентите да бидат задоволни и безгрижни на своите патувања.

Изнајмувањето автомобили им овозможува на нашите клиенти слобода да откриваат и да истражуваат повеќе на своите патувања, како и да создадат спомени што ќе траат целиот живот. Им благодариме на сите наши клиенти за оваа чест. Чувството е прекрасно кога знаеш дека си најдобар во тоа што го работиш.

Оваа награда е потврда на древната мудрост: ,Да служиш е да владееш“. Ориентирани кон обезбедување врвна услуга за нашите клиенти, продолжуваме напред“, изјави Драган Јаневски, извршен директор на Hertz Македонија.

Главниот комерцијален директор на Rentalcars.com, Џејмс Адамс изјави дека од 2015 година заедно со Customer Favourite Awards успешно ја препознаваат одличната услуга на компаниите.

„Оваа година видовме како компаниите со кои работиме ги поместија границите во поглед на услугата во оваа област. Победниците постојано ги надминуваат очекувањата на клиентите и треба да се гордеат што се меѓу најдобрите во светот.

Изнајмувањето автомобил е едноставно искуство кое само ќе го подобри вашето патување и затоа ние сме благодарни на сите наши партнери кои добија награди за дополнителниот труд што го презедоа за подобрување на услугата и искуството“, изјави Адамс.

Hertz Македонија е лидер на македонскиот пазар за изнајмување возила, како за краткотрајни изнајмувања, така и за изнајмувања на подолг период. Тоа е резултат на интензивната инвестициска програма, висок квалитет на услуги поддржан од добро обучени вработени, одлично одржувани возила како и силното присуство на Hertz на светско ниво.

Hertz Македонија располага со повеќе од 100 нови возила од 10 различни категории.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата: www.hertz.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН и Министерството за образование и наука заеднички ќе го унапредуваат квалитетот на средното стручно образование

Редакција

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Редакција

(Фото) Македониумот и архитектурата на Кензо Танге изложени во МОМА во Њујорк

Редакција