еМагазин
Image default
Македонија

Хисен Џемаили познат од случајот „Мавровски работници“ ќе стане министер за странски инвестиции

Од ДУИ, за министер без ресор задолжен за странски инвестиции го предлагаат Хисен Џемаили, откако фотелјата се испразни по смената на Зоран Шапуриќ, пишува Плусинфо.

Џемаили за Плусинфо потврдува дека ја прифатил понудата на лидерот Али Ахмети.

„Го прифатив предлогот на лидерот Али Ахмети за министерската функција. Битно е Владата да е силна и што повеќе да придонесеме за општеството“, вели Џемаили.

Џемаили е асистент – професор по географија на Тетовскиот универзитет. Претходно тој беше советник во Општина Тетово, а во мандатот од 2008 до 2011 беше пратеник.

Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот. Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по Џемаили беше распишана потерница, бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието, ниту во суд.

Откако Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија, Хашките предмети се затворија, пишува Плусинфо.

Фото: Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради изолација на еден од обвинетите, одложено судењето за „Тендери“

Редакција

Белопета: Врапчињата ќе запеат и за „Скопскиот џез фестивал“, па наскоро ќе ја дознаеме и целата содржина на песната

Редакција

Азијците кои беа нападнати и навредувани во Скопје поради корона вирусот биле од Обединетите Нации

Редакција