еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Хитови“ од најдолгиот полициски час: Оро може, шетање куче не може

Голем број реакции предизвика вчерашната снимка на социјалните мрежи на која може да се види како полициски службеници без никаква заштита (маски и ракавици) приведуваат момче кое го шета својот миленик за време на најдолгиот полициски час во земјава.

Граѓаните прашуваат зошто од нив се бара да се почитуваат мерките за спречување на ширење на корона вирусот кога припадници на безбедносните органи не се придржуваат кон мерките за заштита.

Истовремено, на социјалните мрежи се појави видеото од Гевгелија каде може да се види како група жители во празнично расположение играат оро сред улица без маски и ракавици.

Во јавноста со право се поставува прашањето каде беа надлежните да го спречат овој настан, со оглед на тоа што пола Гевгелија можеше да ја чуе музиката и џагорот.

Добро е што од МВР најавија истраги за двата случаи, но останува впечатокот дека поголемиот дел од населението кое се придржува на мерките за превенција на ширењето на корона вирусот се заложници на неодговорноста и несовесноста на поединци што може скапо да ја чини целата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Гевгелиското бе, го знаеш, три напред, еднаш во затвор„: Твитер реакции за орото во Гевгелија

(Видео) Какви мерки, каква корона: Во Гевгелија оро за Велигден

(ВИДЕО) Полицајци без маски во Скопје приведоа момче оти шетало куче во полициски час

Фото: Твитер/Мапко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Јавна соба под мотото „Ментална хигиена“ се отвара Скопската недела на дизајн

Редакција

„Сега Ново Лисиче ќе бара да се отцепи од Аеродром„: Твитер реакции за растот на бројот на заразени со корона вирусот

Редакција

Германија замрзна имот на руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра

Редакција