еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Холандија за преговорите со ЕУ: Зелено светло за Македонија, блокада за Албанија

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок изјави дека Скопје и Тирана треба да се третираат одделно кога станува збор за започнување преговори со ЕУ.

„Проширувањето е повторно на агендата во октомври. Среќен сум што одговорив на прашањата што ми беа поставени, но нема да има изненадувања бидејќи ставот е ист како што разговаравме пред летото. Верувам дека Северна Македонија и Албанија треба да се оценуваат одделно, затоа што тие се две различни земји со различни проблеми и различна прогноза. И порано кажав дека нивото на напредок во Македонија е поголемо отколку во Албанија“, изјавил министерот Блок на седница на Комисијата за европски прашања, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.

Според него, Албанија е друг случај кога се споредува со Македонија.

„Мислам дека Албанија ќе може да започне преговори веднаш штом ги исполни критериумите. Но, се уште не е моментот“, рекол Блок, пренесува Топ чанел.

Според телевизијата, Блок истакнал дека ставот на неговата земја ќе биде идентичен со оној пред летото, кога беше истакнато дека нема да има преговори за Албанија без да бидат исполнети условите од јуни 2018 година, а тоа значи дека Холандија „ќе стави вето за Албанија на 18 октомври, независно од одлуката на германскиот Бундестаг“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот маркет на Лидл во Македонија ќе биде во Скопје на местото на Бриколаж?

Редакција

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)

Редакција

Куновска: Од оние кои даваа по 200.000 евра за една вечер за Цеца не знам какви очекувања имате за култура

Редакција