еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хорор во Скопје: До смрт ја претепал жената со која живеел во куќа на улица „Перо Наков“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје предложи притвор и нареди истражна постапка против 27-годишник осомничен за убиство што го извршил вчера во раните утрински часови во куќа на улицата „Перо Наков“ при вршење семејно насилство.

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека осомничениот со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи.

„Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт“, информира Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека осомничениот би можел да ги скрие трагите на кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши увидот во Избирачкиот список, неизвесно дали ќе има гласање во дијаспората

Редакција

Ковачевски за францускиот предлог: Еве кои елементи од него се клучни, за да биде прифатлив за нас

Редакција

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Редакција