еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Хотелите во Рим не ги враќаат уплатените средства, туристичките агенции бараат инструкции од државата

Претставници од Стопанската комора за туризам на Македонија денеска информираа дека аранжманите за 8 Март за Италија се откажани поради новонастаната ситуација со коронавирусот, а поради паника и страв има обиди за откажување и на аранжманите за другите региони

Туристичките компании немаат конкретни насоки од ресорните министерства како треба да постапуваат во вакви ситуации. Затоа, тие бараат од Министерството за транспорт и врски и авиокомпанијата „Виз ер“ да заземат став за пролонгирање или рефундирање на уплатените средства за авионски карти за Италија со цел да се обештетат патниците.

Тие испратиле дописи до Министерството за здравство, од каде што нема одговор и до Министерство за надворешни работи, од каде што биле контактирани.

„Понудите за регионите зафатени со вирусот се повлечени, но имаме откажувања и за другите региони кои не се зафатени. Стравот и паниката се преголеми кај патниците, но и компаниите се во слична ситуација. Затоа вчера испративме допис и до Министерството за економија од каде побаравме да излезат со став за менаџирање во ваква кризна ситуација во услови на виша сила. До овој момент немаме одговор,“ истакна Билјана Пејовска-Ристовска, извршена директорка на Комората.

Хотелите од Рим не сакале да ги вратат уплатените средства за сместување, што значи дека агенциите самите ќе требале да ги враќаат парите.

„Само за Северна Италија имаме поврат на средства. Бараме барем „Визер“ да ни излезе во пресрет, бидејќи зема субвенции од државата. Двете опции се на маса,“ додаде претседателот на Комората, Емил Димитровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на изолирани како претпазливост од корона вирус од осум се зголеми на 12, помеѓу нив и две деца

Уште двајца заболени од коронавирус во Грција, се откажува карневалот во Патра

„Нехар турс“ ги откажa планираните туристички тури во Италија

Фото: cinqueterre.eu.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија ќе распореди нуклеарно оружје во Белорусија, најави Путин

Редакција

Затвореник во Идризово им зел 4.000 евра на полициски командири, им ветувал дека ќе ги вработи во МВР

Редакција

Скопскиот аеродром по 7. пат најдобар аеродром во Европа во категоријата на негова големина

Редакција