еМагазин
Image default
Локално

Храбро момче бркало крадец по Прилеп

На 03.09.2018 година околу 17.20 часот на ул.„Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, во куќата на Б.П.(34) непознато лице извршило разбојничка кражба. Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол внатре и одзел две ќеси со ќебиња.

Притоа, сторителот бил забележан од шестгодишната ќерка на Б.П., која кажала на нејзината баба Б.И. (60) и на 12-годишниот брат. На ул.„Александар Македонски“ тие го стигнале лицето, кое физички го нападнало 12-годишникот и избегало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина тракторист во неготинско во сообраќајка со автомобил

Редакција

Кај штипјанец пронајдени половина килограм марихуана и екстази

Редакција

Во двор пронашол залутан куршум

Редакција