еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Храната што ви остана од Бадник и Божиќ може да ја донирате во хуманитарни цели во „Дуња“

Граѓаните на кои им останала хртана од Бадниќ и Божиќ денеска од 13 до 16 часот може да ја донираат во СЦ „Дуња“.

„Во овие денови полни со ентузијазам, привиден мир и трпези под кои крцкаат подови, наше е да останеме хумани и да го поделиме она што го имаме“, велат од „Дуња“, потенцирајќи дека заедно со „Коприва Колектив“ ќе се погрижат храната да стигне до оние на кои најмногу им е потребна.

Според Државниот завод за статистика, велат од „Дуња“, моменталниот број на луѓе кои живеат со еден, или ниеден оброк во текот на денот во Македонија е поголем од 400.000 и истиот постојано расте.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Што му напишал амбасадорот Бејли на претсeдaтeлот на Основниот суд, Иван Џолев?

Редакција

Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот

Редакција

Иванов ја добил поканата откако завршила церемонијата за подигање на знамето на НАТО

Редакција