еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Хрватскиот фудбалер во Интер, Марсело Брозовиќ уплати 3.000 евра на Менче која бараше помош за операција на колкот

Фановите на клубот Интер, „Интер клуб Македонија“ објавија дека хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ уплатил 3.000 евра на сметката на нашата Менче Трповска, која треба да го оперира колкот.

„Нашите пријатели Inter Tifosi Balkan споделија вест дека на наша сограѓанка и се потребни финансии за операција. Во прашање беа 3.000 евра. И замислете… Марсело Брозович тоа го чита и во рок од една минута префрлува 3.000 евра на нејзината сметка,“ пишува на фејсбук-страницата на „Интер клуб Македонија“

Менче вчера објави пост на Фејсбук во која замоли да се соберат средства за нејзиниот постоперативен третман кој чини 3.000 евра.

„Да појаснам: Ланската операција на колкот која ја направив во Белград, Србија беше успешна, но се десија некои компликации за кои морав пак итно да се оперирам во Србија.

Но, добро познатата причина за одлагање на се, наречена корона ни ги промени животите на сите, па така и на мене и чекајќи сево ова да помине и границите да се отворат за да ја заминам за Србија да се оперирам по втор пат ми се одложи.

На средина на март месец требаше да заминам за Белград, но се откажа и јас така чекајќи пак завршив на штаки и тоа полошо од било кога. Искрена да бидам веќе не можам да издржам, ни спијам како што треба, ни ништо од огромни болки.

Па пак собрав храброст да ви се обратам на вас, драги мои пријатели поради тоа што сама не можам да се изборам со ова ниту физички, ниту финансиски. Така што, ова мое лекување и пост оперативен третман ќе ме чини 3.000 евра, кои јас не можам да си ги обезбедам.

Како што слушнавме и прочитавме на порталите од вчера официјално се отворени границите, што значи дека можам сега да патувам и тоа што е можно поскоро.

Затоа најдлабоко и најискрено ќе ве замолам кој колку може да донира за оваа моја агонија конечноо да заврши и да продолжам нормално да чекорам. За мои 26 години мислам дека заслужувам подобар живот без болки.

Тука ќе ги оставам мојата денарска и девизна сметка и кој колку може нека донира и ве молам споделувајте! Ви благодарам однапред на сите!!!“, напиша Трповска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Потребни се само 3.000 евра за младата Менче да ги „фрли“ штаките

Фото: Фан-страна на Бозовиќ на Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи

Редакција

Лажна пријава за бомба пред Влада, јавувачот е откриен и приведен

Редакција

Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Редакција